Летните шумски пожари веќе предизвикаа рекордни емисии на CO2 во рускиот сибирски регион Јакутија, а сезоната на пожари ќе трае со недели, објави европската агенција Коперникус.
Експертите стравуваат дека пожарите предизвикани од топлината можат да го стопат сибирскиот вечен мраз и да ослободат уште повеќе јаглерод складиран во замрзнатата тундра.
Овогодишните пожари досега зафатија повеќе од 4,2 милиони хектари во Јакутија, а чадот оваа недела достигна до Северниот пол.
Емисиите од јуни изнесуваат повеќе од 505 мегатони еквивалент на СО2, според Коперник, програмата на ЕУ за набљудување на Земјата.
Тоа е веќе повеќе од ланскиот рекорд од вкупно 450 мегатони за целата сезона на пожари, рече научникот од Коперник, Марк Парингтон.
Јакутија се наоѓа во североисточен Сибир и е најголемиот руски регион познат по својата тундра и суровите зими. Да беше независна, ќе беше осма по големина земја во светот.
Иако шумските пожари се дел од природниот шумски циклус во областа, научниците се запрепастени од обемот и интензитетот на пожарите во последните години.
Ова се совпаѓа со силното затоплување на Арктикот, каде просечните температури се зголемуваат три пати побрзо отколку во остатокот од светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.