Додека во Австрија се дискутира кои правила ќе се применуваат, дали правилото со три сертификати или само со два, еден угостител во Салцбург одлучи дека веќе да не чека, па реши да им служи само на вакцинираните.

Сопственикот на ресторанот „Вижоф“ во Зел ам Сем и Пинзгау, Хорст Видер, изјави дека невакцинирани луѓе нема да можат да влезат во неговиот угостителски објект.

Беше премногу комплицирано за мене. Различни типови сертификати и различна валидност на тестови се премногу предизвик во секојдневната работа, рече тој за телевизијата АТВ.

Решив да пресечам. Секој има можност да се вакцинира, а кој го прави тоа може да влезе во мојот бар, објасни Видер.

Само гостите помлади од 16 години за кои важи правилото за три сертификати се изземени од ова правило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.