Шефицата на мафијата во Неапол, Марија Личарди, е уапсена денеска додека се обидувала да избега во Шпанија, објавија италијанските медиуми.
Позната по прекарот „Пиколета“ (малечка) затоа што е ниска, Личарди (70) е сестра на покојниот Генер Личарди, основач на мафијашкиот клан Камора, лоциран во Неапол.

Марија Личарди помина осум години во затвор и беше ослободена во декември 2009 година, потсетуваат медиумите, додавајќи дека тогаш го презела раководењето со мафијата.
Уапсена е на аеродромот во Рим во моментот кога го предавала багажот пред да се качи на летот за Шпанија.

Таа е обвинета за изнуда, местење аукциска продажба и други дела од мафијашки карактер, додаваат локалните медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.