Дваесет и осумгодишниот Антонио де Пасе, медицински работник во Сицилија, ја задавил својата девојка бидејќи бил убеден дека му пренела коронавирус. Подоцна се обидел и да се самоубие, но пред тоа повикал полиција и го признал убиството.
Полицијата веднаш ја известила Брзата помош, која го пронашла Антонио на подот на станот, со пресечени вени. Тој бил спасен од колегите на Лорена во болницата, а полицајците биле шокирани кога им рекол дека ја убил затоа што му пренела коронавирус.
Де Пасе заедно со неговата девојка Лорена Кваранта (27), докторка, работеле во Месина, Сицилија, но биле повикани да помогнат во епидемијата на коронавирус.
Според првите резултати од тестирањето, ни тој ни неговата девојка немале коронавирус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.