Србинот Саша П. (47), кој во Париз живеел со мајка си Злата (75) се до 2014 година кога жената почнала. Но, за да продолжи да ја прима нејзината пензија, Саша го сокрил нејзиното тело во бањата и така ја чувал мртвата мајка седум години.

Жената починала од рак во 2014 година, а синит ја спакувал во куфер во полпжба на фетус, пренесува Паризиен.

Според француските медиуми, во вторникот, Србинот сам се пријавил во полиција.

Српскиот државјанин во вторникот наутро и се предаде на полицијата и детално го раскажа својот бизарен случај. Тој на истражителите им рекол дека неговата мајка починала од рак во 2014 година и дека не се лекувала. Тој посочи дека несреќната жена починала сама во станот – пренесуваат тамошните медиуми.

По неговото признание, полицијата влегла во станот и се шокирала. Саша го поставил телото на Злата во положба на фетус и го ставил во куфер, па го покрил со катран. Тој наводно им објаснил на истражителите дека се одлучил за овој морбиден чин за финансиска корист.

Соседите сведочат дека се распрашувале за несреќната жена.

Долго не сме ја виделе Злата, па го прашувавме што се случува со неа, а тој ни рече дека „се вратила во Србија за да ги живее последните години од својот живот во нејзината татковина, сведочат соседите.

Иако бил уапсен, Саша П. е ослободен откако обдукцијата покажала дека Злата починала од природна смрт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.