Американецот Патрик Елдриџ од Џексонвил го паркираше својот автомобил во кујната за да го заштити од ураганот Доријан, бидејќи не сакал да му биде оддуван, но и за да докаже дека може да го паркира автомобилот таму.

Неговата сопруга Џесика вели дека колата била паркирана во гаража и за да се спаси од чистење на гаражата, Патрик предложил да ја препаркира во кујната.

„Јас му реков дека нема шанси да го направи тоа. Тој рече дека може. Ја отвори двојната врата и успеа да ја внесе. Не ми се веруваше дека ја собра. Ја внесе без проблем“, кажа Џесика.

Ураганот Доријан помина покрај брегот на Флорида денеска и за малку го одмина Џексонвил, по што се упати кон Џорџија, Јужна и Северна Каролина. Ураганот остави пустош на Бахами, каде што спасувачките екипи само што почнаа да прават целосна проценка на штетите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.