Од почетокот на борбата со коронавирусот, во Кина посебно се чувствителни на трагичните вести за судбините на лекарите кои се заразени за време на лекувањето на големиот број заболени.
Веста дека почина 29-годишниот Пенг Јинху, кој се бореше со вирусот три недели, е трагична и љубовна во исто време.
Докторот Пенг мината година закажал венчавка и меден месец за време на Кинеската нова година, но реши да ги одложи додека не помине коронавирусот, за да може да им се посвети на пациентите кои заболеа од вирусот, пишува „Гардијан“. Тој работел на респираторното одделение и учестувал во лечењето на голем број луѓе во Првата болница во Вухан. Пет дена подоцна се разболел. Борбата со вирусот траела три недели, но во четвртокот управата на болницата соопштила дека докторот починал.
Тој е еден од 2.200 жртви на коронавирусот, а кинеските медиуми пишуваат за „докторот херој“ кој во втор план ја ставил љубовта на сметка на љубовта кон татковината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.