Сириските протурски милитанти погубиле најмалку девет цивили вклучувајќи ја и претседателката на курдската политичка партија, Хеврин Кхалаф.
Девет цивили се погубени во различно време јужно од градот Тал Абџад“, објави Сириската опсерваторија за човекови права.
Меѓу жртвите се и претседателката на политичката партија „Идна Сирија“ Хеврин Кхалаф и нејзиниот возач, пренесува Гардијан.
Хеврин Кхалаф била извлечена од нејзиниот автомобил за време на напад и ја погубиле платеници кои ги поддржува Турција. И на нејзиниот возач му се случило истото – се вели во соопштение на Сириските демократски сили.
Мутлу Цивироглу, експерт за курдската политика, кажа дека нејзината смрт е голема загуба. Таа имала 35 години.
Таа имаше талент за дипломатија. Секогаш учествуваше на состаноците со американските, француските и другите делегации – кажа Цивироглу.
Турција и нејзините сириски помагачи почнаа офанзива во средата за од границата со Турција да ги одалечат силите на сириските Курди.
Сојузничките борци се поранешните сириски бунтовници кои порано се бореа против силите на претседателот Башар ал Асад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.