Спасувачки екипи од Унгарија и Јужна Кореја го извлекоа потонатиот јужнокорејски брод од Дунав во Будимпешта. Во извлекувањето учествуваат огромни кранови, бродови и спасувачи. Најмалку две тела се пронајдени и извлечени од остатоците од туристичкиот брод, кој потона минатиот месец.

Нуркачи влегоа во бродот додека кран го извлекуваше кон површината. Јужнокорејскиот брод пренесуваше туристи од Јужна Кореја кога се судри со крузер и потона, при што загинаа 20 луѓе а осум други се исчезнати.

Утринските фотографии покажуваат кабината и горниот дел од бродот уништени од водата, при што спасувачи извршија потрага по жртви заглавени во пловилото. Според информациите, најмалку две тела биле извлечени и пренесени на копно.

Операцијата се очекува да треа неколку часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.