Премиерот на Австралија, Скот Морисон, јавно се извини поради тоа што отиде на одмор на Хаваи додека ситуацијата во земјата со пожарите секојдневно се влошува, пренесува „Б92“.

Морисон рече дека ќе го скрати одморот откако неговото отсуство од земјата оваа недела наиде на осуда и протести од јавноста.

Длабоко жалам доколку моето заминување со семејството на одмор во овој период навреди некој од бројните Австралијци погодени од страшните пожари – рече Морисон.

Во пожарите кои од септември беснеат во Австралија загинаа осум лица, а уништени се повеќе од 700 кучи и изгореа милиони хектари шума. Вчера беше прогласена и вонредна состојба.

Во моментов, пожарникарите се борат со повеќе од 100 пожари, во момент владее и рекорден топлотен бран, пренесува Би-Би-Си.

Двајца пожарникари-доброволци вчера загинаа во сообраќајна несреќа додека се движеле кон една локација кадешто имало огромен пожар во близина на Сиднеј.

Ненајавениот одмор на премиерот во овој момент предизвика и критики од јавноста, а набрзо на социјалните мрежи се појавија пароли како што се „Каде си СкоМо“, „Каде си по ѓаволите“ и „Отказ за Морисон“.

Тој денес потврди за радио станицата „2ГБ“ дека е на островот со Хаваи со семејството. Додаде дека редовно добива информации за пожарите и последиците од минатонеделната ерупција на вулканот во Нов Зеланд во кој загинаа 11 Австралијанци.

Имајќи ги во предвид најновите трагични настани, ќе се вратам во Сиднеј што побрзо – наведе Морисон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.