Ксара Сандерсон (20) повеќе не можела да оди на хемотерапии, имала ужасни болки, едвај одела, стоечки јадела и се опростила од семејството.
Се надевам дека не се лутите што не умрев“, вели Британката Ксара Сандерсон (20). Таа боледувала од Хоџкинова болест, малигно заболување на лимфвните ткива. Откако ја добила дијагнозата, Ксара почнала со хемотерапија. После првата серија ја почнала и втората, која била многу посилна и која Ксара многу тешко ја поднела.
Постојано повраќав. Кога семејството ми дојде на посета, реков дека повеќе не можам тоа да го барам од нив“, рекла Ксара. Освен што постојано повраќала, Ксара постојано имала инфекции. Сè потешко јадела и пиела, тешко ѝ било да стои и да оди. Во ноември, 2018-та година, лекарите ѝ соопштила дека ѝ останале уште неколку денови од животот.
Нејзиното семејство ја молело да продолжи со хемотерапии, ја молеле и пријателите, но Ксара не можела и не сакала да продолжи да се бори. Потоа нејзин пријател почнал да собира пари за нејзиниот погреб.
Таа сакала посебен погреб, кој требало да биде на денот на принцезите. Напишала посебна листа со песни кои би требало да ги свират за неа. Не ѝ било важно каков ќе биде ковчегот, бидејќи сакала да биде кремирана. Собрале 3.130 фунти.
Teen who had miracle recovery from terminal cancer says 'sorry for not dying'https://t.co/1KQSAi1iEe
Xsara
Sanderson, 19, thought she had just days to live when she was diagnosed
with stage 4 Hodgkin lymphoma last July – and will now handed back
£3,000 raised for herXsar…
— Omer Masood (@shiekhu_baba) April 2, 2019
Потоа дојде Божиќ. Беше убаво, но и многу тажно“, рекла Ксара. Денот после Божиќ повторно завршила во болница поради воспаление на белите дробови. А потоа, следело ново неверување. Во март лекарите ѝ соопштиле дека ракот се повлекол.
Воспалението на белите дробови помина. Во јануари отидов во болница и направив тестови. Имав чувство дека сум здрава и дека повеќе ракот не е во моето тело. Лекарите повторно ги направија сите прегледи во март и на 25-ти март ми рекоа дека тој навистина се повлекол. И самиот лекар беше зачуден. Не му беше јасно како се случило тоа“, вели Ксара и сега сака да ги врати парите кои се собрани за нејзиниот погреб, со порака „извинете што не умрев“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.