Работодавците во Германија редовно ги искористуваат странците, кои помалку плаќаат, вработуваат без договор и ги присилуваат да работат прекувремено, а за прекувремената работа не им плаќаат, предупреди германскиот Институт за човекови права.
Тие странци се жртви на „немилосрно искористување“ на работа, наведува независениот Институт во годишниот извештај кој беше поднесен во германскиот парламент.
Работодавците не сакаат да ги исплаќаат странците, меѓу кои се Сиријци и Ирци кои таму се уште од 2015 година, Бугари и Латиноамерикаци, ги плаќаат дури и помалку од минималната плата која моментално е 8,84 евра бруто по час. Некои странски работници мораат да работат прекувремено, но за жал ни тоа не им е платено.
Такви ситуации има во секторот за градежни работи, во фабриките за преработка на месо, но и во здравството и во угостителството.
Во извештајот се предупредува и на тоа дека странците често работат без договор за работа, не се на платен список, што тоа им го отежнува правото за евентуално поднесување на тужба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.