Министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапид, пристигна во Бахреин на отворање на првата амбасада на својата земја, една година по потпишувањето на договорот за нормализација на односите меѓу еврејската држава и малото кралство во Заливот.

За време на првата официјална посета на израелски министер, ќе бидат потпишани и билатерални договори и тој ќе се сретне со својот колега од Бахреин.

По неговото пристигнување, бахреинската авиокомпанија „Галф ер“ (Gulf Air) ја отвори првата официјална авиолинија помеѓу главните градови Манама и Тел Авив.

При доаѓањето на израелскиот министер, демонстранти запалија автомобилски гуми во близина на главниот град во знак на протест против посетата, затоа што голем дел од општеството во Бахреин се противи на нормализирање на односите со Израел и ги поддржува палестинските агенди.

На 15 септември 2020 година, Бахреин потпиша договор за воспоставување официјални односи со Израел, истиот ден кога тоа го направија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Двете монархии беа првите арапски земји што ја признаа еврејската држава, по Египет во 1979 година и Јордан во 1994 година.

Израел, исто така, се согласи да воспостави односи со Мароко и Судан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.