Израел извршил серија воздушни напади врз сирискиот град Алепо.
Од сириското Министерство за одбрана соопштија дека сириските одбранбени сили морале да ги активираат и пресретнат „непријателските авиони“.
Сириските медиуми наведоа дека „израелската агресија“ почнала утрово по локално време и дека сириските авиони морале да реагираат на заканите од Израел. Одбраната е активирана во провинцијата Ал-Сафира, јужно од Алепо.
Израелскиот непријател изврши воздушна агресија врз југоисточниот дел на Алепо, гаѓајќи одредени локации во областа Ал-Сафира – се наведува во соопштението на Министерството.
Израелските сили и претходно извршија напади врз Ал-Сафир, насочени кон истражувачки комплекс, за кој тврдат дека го користат иранските сили.
Според некои информации од израелската армија, таму е сместена елитна единица на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ), за која Ерусалим тврди дека планира напади на израелска територија. Сепак, засега нема индиции дека израелски авиони ја гаѓале истата цел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.