Израелски борбени авиони бомбардирале неколку позиции во Газа, вклучувајќи го и воениот комплекс на военото крило на Хамас, бригадата „Иџедин ал-Касам“.
Засега не се потврдени жртви, но неколку куќи се оштетени во израелскиот напад.
Портпаролот на израелските вооружени сили, Авичај Адреј, потврди дека израелските борбени авиони нападнале неколку позиции во Газа, вклучувајќи го и воениот комплекс.
Според очевидци, најмалку два воздушни напади зафатиле одредени позиции на бригадата Изџедин ал-Касам во југоисточна Газа.
Израелската војска и во понеделникот бомбардираше одредени позиции на Хамас во блокираниот Појас Газа.
Израелската армија на својот профил на Твитер соопшти дека некои набљудувачки точки на Хамас се погодени од артилериски оган. Во соопштението се наведува дека нападот е извршен како одговор на пуштањето запалливи балони од Газа кои предизвикуваат пожари во Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.