Речиси секое 11. дете во Израел кое било позитивно на корона вирусот, трпи долгорочни ефекти од Ковид-19

Студија на израелското Министерство за здравство, покажува дека таа бројка, сепак, исклучително се намалува по неколку месеци.

Тешката форма на корона вирус е почеста кај возрасните, но во науката нема доволно информации за ефектите на вирусот врз младите луѓе, коишто се повеќе склони кон сериозни компликации – соопштија од израелското Министерство.

Телефонското истражување спроведено во јуни собрало податоци од родителите на 13.834 деца на возраст од 3 до 18 години кои закрепнале од Ковид-19. Тие биле прашани дали децата покажуваат долготрајни симптоми, како што се проблеми со дишењето, летаргија и губење на мирис и вкус.

Заостанати симптоми се пријавени кај 11,2 проценти од децата. Оваа бројка се намалила на 1,8-4,6 проценти шест месеци по акутната форма на болеста.

Студијата не вклучува податоци за ефектот на вакцинацијата. Израел неодамна дозволи вакцинација на деца над 12 години. Вакцинацијата на оние над 15 години е дозволена со месеци.

Една неодамнешна британска студија покажа дека едно од седум деца може да покаже симптоми поврзани со корона вирусот, неколку месеци откако ќе има позитивен тест за вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.