Израел ги додаде САД на листата земји за кои има забрана за патување поради стравување од ширење на омикрон варијантата на корона вирусот. Според наредбата, која ќе стапи на сила во вторник на полноќ, на Израелците ќе им треба специјална дозвола за да летаат кон САД.

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, во телевизиско обраќање, изјави дека Израел не губел време со своите брзи потези за стопирање на патувањето кога омикрон варијантата првпат беше забележана минатиот месец, но истакна дека досегашните мерки се исцрпени и може да се очекува ширење на болеста во следните неколку недели.

Делувајќи според препораките на министерството за здравство, израелската влада ги додаде САД, Италија, Белгија, Германија, Унгарија, Мароко, Португалија, Канада, Швајцарија и Турција на листата земји во кои е забрането да се патува.

Во Израел има потврдено 134 случаи на омикрон од 307 сомнителни случаи.

Во првичната брза реакција на појавата на омикорн варијантата, првпат забележана во Јужна Африка и во Хонг Конг, Израел на 25 ноември забрани влез за странци и воведе три до 14-дневен карантин за Израелците коишто се враќаа од странство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.