Израел во вторникот објави дека ќе понуди четврта доза од вакцината против коронавирус на луѓе постари од 60 години и здравствените работници, поради страв од ширење на сојот омикрон.
Граѓаните на Израел први во светот ја примија третата доза од вакцината Ковид-19 и ние продолжуваме да предводиме со четвртата доза, се вели во соопштението на премиерот Нафтали Бенет.
Тој ги повика оние кои ги исполнуваат критериумите да се вакцинираат.
Израел во вторникот објави дека ја забележал својата прва смрт предизвикана од омикрон, досега најзаразен сој на коронавирусот. Еден постар човек почина во понеделникот во Виршева.
Пациентот боледувал од други болести, два пати бил вакциниран, но не ја примил третата, т.н бустер доза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.