Израелската влада ги известила египетските посредници во индиректните разговори за прекин на огнот со палестински Хамас дека има намера да ја прекине својата воена операција, објави Ал Џезира, повикувајќи се на неименувани извори.

Во извештајот не се споменува кога би стапило во сила примирјето.

Хусам Бардан, член на политичкото биро на Хамас, нагласи дека не е постигнат договор со Израел за прекин на огнот и дека организацијата ќе ја процени ситуацијата и ќе одлучи што да прави ако извештаите дека Израел се подготвува да прогласи едностран прекин на огнот се точни.израел, газа, бомбардирање



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.