Израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид, изјави дека неговата земја е загрижена поради бранот на антисемитизам во Европа.
Израел е длабоко загрижен поради опасниот бран на антисемитизам што го доживуваме денес низ Европа, вклучително во Германија. Безбедноста на еврејските заедници е приоритет за Израел – истакна министерот во интервју за „Велт“.
Лапид ѝ се заблагодари на Германија за преземањето решителни чекори за справување со масовниот антисемитизам и изрази надеж за соработка по ова прашање со новоизбраната влада.
Во октомври 2019 година, маж отвори оган во близина на синагога во градот Хале, убивајќи две лица. Тој наводно планирал да упадне во синагогата, каде се наоѓале 51 лице, и да пука во верниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.