Носењето заштитни маски на јавни места во затворен простор од денеска повторно е задолжително во Израел.
Одлуката е донесена откако во државата е регистрирано зголемување на бројот на лица заразени со новиот коронавирус, иако повеќе од половина Израелци веќе примиле две дози на вакцина против Ковид-19.
Поради зголемувањето на бројот на заразени, Министерството за здравство донесе одлука од денеска напладне маските повторно да бидат задолжителни во затворен простор, се вели во соопштението на израелското Министерство за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.