Изминатиот јули бил најтоплиот месец во историјата откако се мери просечната температура на Земјата.
Американската национална администрација за океани и атмосфера соопшти дека минатиот месец просечната температура на копното и површината на океаните во светот била 0,01 степени Целзиусови повисока отколку во претходниот најтопол јули – во 2016 година. Според институцијата, тоа е дел од влошување на трендот поврзан со климатските промени.
Јули е генерално најтоплиот во годината, но јули 2021 година се надмина себеси, стана најтоплиот јули и месец што некогаш е регистриран – изјави Рик Спинрад, директор на одделот.
Температурниот рекорд во јули е 0,02 степени над претходниот, измерен во 2016 година и повторен во 2019 година и 2020.
Температурната статистика се води повеќе од 140 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.