Сите 16 лица во Виетнам кои беа заразени со новиот коронавирус се излекувани, соопшти Министерството за здравство.

Министерството наведе дека од 13 февруари не е регистриран ниту еден нов случај на зараза.

Последниот пациент, 50-годишен маж кого го зарзазила неговата ќерка по враќањето од кинески Вухан, жариштето на заразата, заздравел и сега е во добра здравствена сотојба. Засега не е познато кога тој ќе биде пуштен од болница.

Останатите излекувани, меѓу кои и тримесечно бебе, заздравуваат.

Во Виетнам на 23 јануари беа регистрирани првите два случаи, кај двајца кинески државјани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.