Триесет и шестгодишен Австриец од Штаерска е првиот пациент заболен од Ковид-19 кој се излекувал со крвна плазма. Соред пишувањето на „Klajne cajtung”, тој еден месец бил на интензивна нега и се борел за својот живот. Откако ја примил терапијата со крвна плазма, тој бил префрлен од интензивното одделение и сите три коронатестови до сега му биле негативни.
Пациентот бил тешко болен од коронавирус бидејќи имал вроден проблем со имунитетот, односно не можел неговиот организам сам да произведува специфични антитела. Четири недели имал зголема телесна температура, а покрај тоа имал воспаление на белите дробови и проблем со дишењето.
На Универзитетската клиника во Грац на овој пациент му била дадена крвна плазма од излекуван пациент од коронавирус, што и кај овој пациент дало позитивни резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.