Најмалку 22 лица загинале, а 52 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Повредените се на возраст од осум до 83 години.

Во повисоките катови од зградата живееле околу 120 станари, додека долните биле ненаселени. Според весникот „Ејпл дејли“, 12 лица биле најдени без знаци на живот, по што се префрлени во болница каде е констатуирана смрт.

Зградата, стара 40 години, се запалила околу три часот наутро, соопшти противпожарната служба во градот Каосиунг.

Пожарот е изгаснат по повеќе од четири часа, а акцијата за пребарување и спасување е во тек. Во тек е и истрага за причините за пожарот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.