По објавувањето на резултатите од претседателските избори во Белорусија, на кои победи Александар Лукашенко со што го освои шестиот мандат, на социјалните мрежи се појавија снимки кои наводно укажуваат на тоа дека изборите биле наместени.
На една од снимките се гледа како член на изборниот штаб се симнува по скали од прозорец на вториот кат, каде што има избирачко место, со вреќа во која се претпоставува дека има гласачки ливчиња.
Изборното месо 17 е во Минск. Од некоја причина, членовите на комисијата се симнуваат по скали преку прозорецот на вториот кат со пакети кои содржат нешто што личи на кутии. Или хартија. И сето тоа е под буден надзор на полицијата – се наведува во описот на снимката која се шири на социјалните мрежи.
Nexta: Участок №17 Советского района Минска (СШ №66). Члены комиссии зачем-то по лестнице вылазят из окна второго этажа с пакетами, в которых находится нечто похожее на коробки. Или на пачки бумаги. И всё это под чутким присмотром милиции pic.twitter.com/iX7sQUoixn
— Toтzе (@zagibaigvozdi) August 9, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.