Лидерот на белоруската опозиција, Светлана Тихановска се пресели во Литванија од Белорусија, откако на претседателските избори загуби oд актуелниот претседател Александар Лукашенко, потврди во вторникот литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линкевичиус.
Svetlana #Tikhanovskaya is safe. She is in #Lithuania. pic.twitter.com/6f9U2meoX0
— Linas Linkevicius (@LinkeviciusL) August 11, 2020
Тихановска, која реши да се кандидира против Лукашенко наместо нејзиниот сопруг кој од мај годинава се наоѓа во затвор, тврди дека победи на изборите во неделата во Белорусија, но официјалните резултати покажуваат дека Лукашенко освои 80% од гласовите.
Откако опозицијата ги оспори резултатите од изборите, избувнаа протести во Белорусија, а еден демонстрант беше убиен. Тихановска истакна дека решила да ја напушти Белорусија поради стравувањата од „провокации“.
Изборите беа критикувани од САД како нетранспарентни бидејќи немаше присутни меѓународни набљудувачи. Лукашенко е претседател на Белорусија од 1994 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.