Советот за безбедност на Обединети нации за утре закажа итен состанок за кризата со мигрантите на границата помеѓу Полска и Белорусија.
Средбата, на барање на Естонија, Франција и Ирска, ќе се одржи зад затворени врати.

Тензиите помеѓу Полска и Белорусија не се смируваат. Варшава денеска го обвини Минск за „државен тероризам“.

Околу 800 мигранти во придружба на белоруските служби вчера пристигнаа до полскиот граничниот премин Кужњица и се обидоа да се пробијат преку бодликавата жица во Полска, но беа запрени од кордон полицајци, кои употребија и солзавец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.