Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза, рече дека проверува дали има надлежност да нареди принудно хоспитализирање заразени со новиот коронавирус на кои им треба третман, но одбиваат лекување.

Една од причините за таквата мерка е појавата на нови епидемии во северниот регион Венето, предизвикана од 64-годишен маж од Виченца со Ковид-19. Тој развил симптоми еден ден откако се вратил од патување во Србија и првично одбил да се лекува во болница. Мажот сега е во сериозна, но стабилна состојба во болница. Тој присуствувал на погреб и роденденска забава со повеќе од 100 гости, петмина се позитивни, а 89 се ставени во карантин.

Сперанца предупреди дека секој што ја нарушува изолацијата може да се соочи со затворска казна и дека 14-дневниот карантин се однесува на оние кои пристигнуваат надвор од Шенген.

Според италијанскиот закон, секој што создава ризик од епидемија преку небрежност може да биде осуден на затворска казна до 12 години. Секој што ќе го стори тоа намерно, може да добие доживотен затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.