Поттикнати од неодамнешната понуда на италијански град каде може да се купи дом за 1 евро, и останатите опустошени италијански градови започнаа со прималиви понуди со цел да привлечат нови жители.
Сега еден град во земјата им нуди на странците 10.000 долари за да се преселат таму. Друг вели дека дури и ќе им плати на новодојдените повеќе од 1.000 долари за да имаат дете.
Понудите може да изгледаат премногу добро за да бидат вистинити за многумина кои сакаат да избегаат од големте градови мирот да го пронајдат во идилата на италијанските села. За властите пак, тие претставуваат последната битка за спасување на душата на селата кои изумираат.
Последната атрактивна понуда ја упати Џовани Бруно Матиет, градоначалник на малото алпско село Локана, во Пиемонт, планинскиот северозападен регион на Италија кој граничи со Франција и Швајцарија.
Тој е подготвен да плати до 9.000 евра или 10.200 долари, во период од три години на семејствата кои сакаат да се преселат и живеат и зиме на село, но услов е да имаат дете и минимална годишна плата од 6.000 евра.
Нашето население се намали од 7.000 жители на едвај 1.500 луѓе. Сите заминаа да бараат работа во големите фабрики во Торино”, вели Матиет за Си-ен-ен травел. ,,Нашето училиште секоја година се соочува со ризик да се затвори бидејќи го посетуваат само неколку ученици. Не можам да дозволам тоа да се случи”.
Локана секоја година има 40 смртни случаи наспроти само 10 новороденчиња. Тоа е позната слика низ цела Италија, каде што во последните 30 години една четвртина помали заедници станаа градови – духови. Сега има 139 села со помалку од 150 жители.
И додека договорот на Матиет првично беше понуден само за Италијанците или странците што веќе живеат во Италија, сега е толку очаен да го спаси својот град од умирање, па го тој го проширува и на неиталијанските жители во странство.
Бараме да привлечеме претежно млади луѓе и професионалци кои работат од далеку или се подготвени да започнат активност тука”, вели тој. ,,Постојат десетици затворени продавници, барови, ресторани и бутици, кои што чекаат нови луѓе да ги водат”.
Територијата на Локана се протега низ 132 квадратни километри од планинскиот резерват Гран Парадизо, нудејќи можности за риболов, планинарење, пливање, фудбал и тенис. Живописните алпинистички живеалишта се направени од камен и дрво со типични покривни керамички плочки и ѕидови украсени со цвеќиња.
Локана не е единствениот град во Пиемонт кој има потреба од преродба. Малку подалеку на север, на швајцарската граница, градоначалникот на Borgomezzavalle се надева дека ја има победничката карта.
За да се ревитализира населението кое е намалено на едвај 320 жители, Алберто Прони не само што продава напуштени планински колиби за само 1 евра – нешто повеќе од 1 американски долари – тој исто така ги плаќа и сите новодојденци кои ќе формираат семејство.
Овој град е создаден во 2016 година со фузија на две соседни села кои исчезнаа”, вели тој. ,Имаме тони пари за да инвестираме, но ни требаат деца и млади. Затоа предлагам 1 000 евра за секое новороденче и уште 2 000 евра за секој што сака да започне бизнис”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.