Италијанскиот суд ја одложи одлуката за барањето на Шпанија за екстрадиција на поранешниот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон, и му дозволи да патува.
Пуџдемон го напушти судот на италијанскиот остров Сардинија, во придружба на адвокат, се ракуваше и ги прегрна своите поддржувачи, изјавувајќи дека е „многу среќен“.
Неговиот адвокат, Агостиноанџело Марас, истакна дека во врска со одлуката за екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија, каде што е осуден за бунт, судот ја чека одлуката на европските судови.
Тој појасни дека во меѓувреме Пуџдемон може да патува секаде.
Тој е апсолутно слободен. Судот ќе закаже ново рочиште кога европските судови ќе одлучат за две прашања. Едно е имунитетот на претседателот Пуџдемон, другото е легитимитетот на шпанскиот суд да издаде налог за апсење – изјави адвокатот Марас.
Пуџдемон поднесе жалба против укинување на имунитетот на пратеник во Европскиот парламент, чиј член е се уште.
Каталонскиот лидер беше уапсен на 23 септември на Сардинија, каде што пристигна од Белгија за да присуствува на Каталонскиот културен фестивал, на покана на сепаратистичкото движење на тој италијански остров.
Тој беше ослободен од судот еден ден подоцна, но до денеска не му беше дозволено да го напушти островот.
Во октомври 2007 година, Пуџдемон од Шпанија побегна во Белгија со неколку свои соработници, со цел да избегне апсење поради обидот за отцепување на Каталонија, односно организирање на нелегален референдум за независност.
Деветмина каталонски сепаратисти беа осудени на затворски казни од девет до 13 години за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, но во јули оваа година беа помилувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.