Италијанскиот премиер, Џузепе Конте поднесе оставка откако се продлабочија несогласувањата со вицепремиерот и лидерот на Лига, Матео Салвини. Во обраќањето во Парламентот, Конте го обвини Салвини дека сопствениот интерес го става пред државниот.

Одлуката на Салвини (да ја разниша коалицијата) е сериозна и има значителни последици по економскиот и социјалниот живот на земјата, посочи Конте.

Лигата бараше изгласување недоверба на Владата на Конте, но тој тоа го избегна и сам поднесе оставка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.