Италијанскиот премиер Џузепе Конте и неговата британска колешка Тереза Меј, во текот на неодамнешниот самит ЕУ-Арапска лига во египетското летувалиште Шарм ел Шеик, одиграле партија билјард.
Снимката на својот Твитер налог ја објави Конте, а под истото напишал „Ајде да играме билјард“.
На снимката може да се види како Меј кажува дека не се снаоѓа баш најдобро во оваа игра и бара од Конте да и покаже како тоа се прави.
Италијанскиот премиер започнал да игра, а потоа другите и притекнале во помош на Меј, за да и покажат како се треба да го држи билјардскиот стап и да ја удри куглата.
Let’s play pool @theresa_may 🎱 pic.twitter.com/TdVRMWTlCB
— GiuseppeConte (@GiuseppeConteIT) February 24, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.