Олимпискиот комитет на Италија одлучи да ги суспендира сите спортови до 3. април, за одлуката да стане правосилна, Премиерот и Владата ќе треба да издадат нов декрет.
Сезоната во Серија А очигледно ќе биде прекината, попладнево средба одржа Олимпискиот комитет на Италија, на кои присуствуваа преставници од сите спортови и било одлучено да се прекинат сите спортски активности до 3. април.
Првиот човек на ОКИ, Џовани Малаго за ваквата одлука го известил Премиерот, Џузепе Конте и Министерот за Спорт, Винченцо Спадафора.
Но за одлуката да стапи на сила, Премиерот и Владата ќе треба да издадат нов декрет, бидејќи според сегашниот може да се игра без публика.
Ситуацијата во Италија е прилично тешка, од коронавирусот се заразани преку 7.000 луѓе а животот го загубија 366 лица. Во карантин се десетина области, односно околу 16 милиони луѓе имаат ограничено движење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.