Етичкиот комитет во централниот италијански регион Марче го одобри барањето на болен човек за потпомогнато самоубиство, објавија денеска активистите кои се залагаат за правото на избор да одлучува за сопствениот живот.
Извесен Марио, кој боледува од квадриплегија, не можеше да направи никакво движење веќе 10 години и побара од локалните здравствени власти да го одобрат неговото потпомогнато самоубиство, објави Ројтерс.
Локалните етички комитети имаат овластување да одобрат или блокираат такво барање.
„Правото на умирање“, како што го нарекуваат во Италија, е чувствително прашање долги години, бидејќи Католичката црква, чии експерти имаат силно влијание врз политичарите и јавното мислење, жестоко се противи на многу полиберални закони.
Одборот, кој даде дозвола рече дека Марио е способен сам да носи одлуки.
Многу е тажно што се траеше толку долго, но конечно, за првпат во Италија, етичкиот комитет потврди дека постојат услови за потпомогнато самоубиство, изјави Филомена Гало, адвокатка на Марио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.