Италијанскиот премиер, Марио Драги, планира да свика итна средба на врвот на Г-20, на која ќе се разговара за ситуацијата во Авганистан, објави весникот „Ла Република“.

Претходно редовно закажаниот самит на Г-20 треба да се одржи во Рим на 30 и 31 октомври оваа година, но според „Ла Република“, кабинетот на Драги работи на одржување на вонреден состанок на шефовите на држави или влади на дваесет водечки економии во врска со преземањето на власта на талибанците во Авганистан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.