Италија најави затворање на сите училишта и универзитети во обид да го спречи ширењето на новиот коронавирус, откако бројот на починати се искачи на 79.
Италијанската Влада нареди училниците низ целата земја да се затворат до средината на март, јави новинската агенција АНСА.
Училиштата и универзитетите во најтешко погодените региони во северна Италија, каде неколку градови се ставени во карантин, затворени се уште пред 10 дена. Но, оттогаш заразата се прошири речиси низ цел Италија, при што инфицирани се повеќе од 2.500 луѓе.
Италијанскиот министер за спорт изјави дека сите фудбалски натпревари во Серија А, најверојатно, ќе се играат зад затворени врати во текот на следниот месец, во обид да се запре епидемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.