Сè повеќе земји во светот се подготвуваат да ги ублажат мерките заради подобрување на состојбата со пандемијата на коронавирус, а еден од најголемите предизвици е зачувување на туристичката сезона, особено за земјите чија економија во голема мерка зависи од туризмот.

Една таква земја е Италија, која веќе подготвува мерки за спас на туризмот. На пример, Сицилија ќе плати половина од цената на картите за летовите на туристите, потоа третина од сметките за сместување во хотели и ќе обезбеди бесплатни билети за музеите, објави The ​​Times.

Италија има буџет од 50 милиони евра подготвен да го спаси туристичкиот сектор. Првичните проценки сугерираат дека земјата изгубила околу милијарда евра во овој сектор во март и април. Тринаесет отсто од БДП на Италија го сочинува туризмот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.