Италијанската Влада им забрани денеска на крузерите да пловат низ Венеција, изјави министерот за култура Дарио Франческини, додавајќи дека ова е „историски ден“.
Министерот потврди дека од следниот месец бродовите ќе бидат пренасочени кон блиското индустриско пристаниште Маргера.
Нема да помине многу време кога овој ден ќе се нарече историски, бидејќи по долго чекање од 1 август, големите бродови повеќе нема да минуваат покрај „Свети Марко“ или да пловат низ Големиот канал, изјави министерот.
Франческини додаде дека на бродовите ќе им се исплати компензација поради забраната и ќе им се помогне околу трошоците за привремено закотвување во Маргера
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.