Италија за време на викендот регистрира над 800 пожари, воглавно во јужниот дел на земјата.
– Во изминатите 24 часа пожарникарите имаа повеќе од 800 интервенции: 250 на Сицилија, 130 во Пуљи и Калабрија, 90 во областа Лацио и 70 во Кампања, објави на Твитер италијанската пожарникарска служба.
Исто така се наведува дека пожарникарите се на терен и во три града на Сицилија.
Италија изминатите денови е погодена од топлотен бран, при што температурите на воздухот се искачија до 40 степени Целзиусови, со што е зголемена опасноста од пожари.
Кон крајот на минатата недела во пожар се уништени 20.000 хектари шума, насади со маслинки и посеви на Сардинија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.