Италија воведе забрана за за сите новогодишни прослави како дел од заострувањето на мерките за спречување на порастот на инфекциите со Ковид, поради тоа што дневните инфекции достигнуваат рекордно ниво.
Министерот за здравство, Роберто Сперанза, соопшти дека носењето маски повторно ќе биде задолжително надвор и им нареди на граѓаните да користат маски „Ffp2“ во јавниот превоз и на јавни места, како што се театри, кина и спортски настани, бидејќи тие обезбедуваат поголема заштита.
Покрај тоа, концертите и настаните на отворено ќе бидат забранети до 31 јануари, а дискотеките и клубовите ќе мора да ги затворат вратите до тој датум за да спречат масовни собири за време на празничната сезона.
Новите мерки беа објавени на денот кога Италија забележа 44.595 нови случаи на корона вирус, што е зголемување за повеќе од 70 проценти за само една недела, бидејќи заразната варијанта Омикрон почнува да се шири низ целата земја.
Имаше и168 смртни случаи, што е најголем број од мај, но под нивоата на претходните пикови, најмногу поради големиот број вакцинирани лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.