Во Италија во последните 24 часа починаа уште 27 лица заразени од новиот коронавирус Ковид-19, а потвдени се нови 466 заразени. Бројот на починати во Италија сега изнесува 79 од почетокот на епидемијата, а бројот на заразени 2.502.

Кина, каде што коронавирусот се појави во декември, е единствена земја во која умреа повеќе од 79 лица.

Шефот на италијанската цивилна заштита Анџело Борели изјави дека починле лица меѓу 55 и 101 година, главно биле постари од 70 години и дека имале и други заболувања од порано, пренесува „Франс прес“.

Во италијанските болници се наоѓаат 1.263 заразени лица од кои 220 се на интензивна нега. Најпогодени се регионите Ломбардија каде што починаа 55 лица, Емилија – Ромања каде што починале 18 и во Венето каде што се забележани три смртни случаи.

Официјални лица соопштија дека со коронавирус е заразено и штотуку родено бебе во Бергамо, близу Милано.

Италија е трета земја во светот по бројот на заболени, после Кина и Јужна Кореја.

Ј. Кореја денеска имала најголемо 24-часовно зголемување на заболените, бидејќи заразата е потврдена кај 851 лице. Најголем број заболени има во градот Даегу, на југоисток на земјата. Досега во Ј. Кореја 5.186 лица биле позитино тестирани на коронавирус,  наведува „Асошијетед прес“.

Во Иран се регистирани 11 нови смртни случаи, со што бројот на починати во оваа земја се искачи на 77. Во Иран се заразени 2.336 лица.

Кина повторно пријави намален број на нови случаи, бидејќи во последните 24 часа заболеа 125 лица. Во Кина досега над 80 лица се заразени со Ковид-19.

САД каде се заразени повеќе од 100 лица, бројот на починати е девет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.