Ракета е истрелана кон силно обезбедуваната Зелена зона во ирачкиот главен град Багдад, по што се слушнала експлозија, објавија западните медиуми, повикувајќи се на очевидци.

Според телевизијата „Ал Арабија“, Зелената зона, каде што се наоѓаат странски дипломатски претставништва и владини институции, била цел на ракетен напад.

Една од ракетите паднала во близина на амбасадата на САД, при што загинал припадник на обезбедувањето.ракета



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.