Истражување спроведено во Велика Британија, покажува дека е многу поверојатно дека политичките објави на социјалните медиуми ќе станат вирални доколку во нив се критикуваат противниците, во споредба со оние што се поддржува колега со ист политички став.
Аналитичари од Кембриџ проучувале речиси три милиони твитови и објави на Фејсбук од американските медиуми и политичари и откриле дека оние во кои се исмејуваат ривалите ќе бидат двојно почесто споделени од објавите што поддржуваат колега од ист политички спектар.
Исто така, забележано е дека објавите за политичките противници добиле повеќе од двојно „лути емотикони“ во однос на „лајкови“ на афирмативни објави.
Резултатите се објавени во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“.
Удирањето по политички противник е најдобриот показател дека објавата ќе стане вирална. Истото важи и за оние што се наклонети кон демократите и оние кон републиканците, без разлика дали се работи за Фејсбук или Твитер. Социјалните мрежи не држат максимално ангажирани поради продажбата на реклами. Таквиот бизнис модел на крајот ги наградува политичарите и медиумските компании кои произведуваат содржина со цел поттикнување поделба – вели еден од авторите на студијатам Стив Ратје од Кембриџ.
Тој додава дека нивната студија сугерира дека чувствата на омраза многу повеќе го привлекуваат вниманието на корисниците отколку позитивните емоции во кои се изразува љубов, што веројатно поттикнува опасна политичка клима.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.