Британската полиција соопштила дека верува дека камионот во кој биле пронајдени 39 човечки тела во Пурфлит со тракет пристигнал од Белгија.

Од полицијата на Есекс претходно било соопштено дека камионот пристигнал од Бугарија, но од бугарското министерство за надворешни работи соопштено е дека возилото во Бугарија е регистрирано на 19. јуни 2019 година и дека ја нпуштило земјата ден подоцна.

Од Министерството истакнаа дека возилото припаѓа на компанија која е во сопственост на жена од Ирска.

Во соопштението се додава дека камионот не се враќал во Бугарија после 20. јуни 2017 година.

Иако во Британија влегол од Белгија и не се знае од каде товарот дошол пред да се најде во таа земја.

Полицијата соопштила дека во приколката биле пронајдени 38 тела на возрасни лица и едно на тинејџер.

Уапсен бил возачот на камионот, државјанин на Ирска,25-годишниот Мо Робинсон, кој е осомничен за убиство.

Од полицијата истакнуваат дека камионот во Британија стигнал преку островот Англсија во саботата на 19. октомври.

Заменик шефот на полицијата Пипа Милс изјавила дека прв приоритет е идентификување на жртвите, но дека се очекува тој процес долго да потрае.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.