Цената на гасот во Европа продолжи да расте и повторно го сруши историскиот рекорд, достигнувајќи денес ниво од речиси 1.200 долари за 1.000 кубни метри.
Цената на ноемвриските фјучерси во холандскиот гасен центар TTF скокна до 100 евра за MWh , или на 1.199,44 долари за 1.000 кубни метри, но подоцна се намали за 1,7 проценти на околу 1.150 долари, пренесува Тас.
Една од причините за ваквиот нагло зголемување на цените може да лежи во фактот дека протокот на гас преку гасоводот Јамал-Европа падна скоро трипати рано утрово, по што закрепна на околу 0,5 милиони кубни метри на час. Протокот на гас преку овој гасовод изнесуваше 2,2 милиони кубни метри на час во четвртокот, додава руската агенција.
На почетокот на оваа недела, цените на гасот во Европа надминаа 1.000 долари за 1.000 кубни метри за прв пат во историјата, по што тие продолжија да растат над нивото од 1.100 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.