Израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид, денеска ќе престојува во Обединетите Арапски Емирати, во првата официјална посета на еден израелски министер на оваа земја од Заливот по воспоставувањето на дипломатските односи минатата година.
За време на дводневната посета, Лапид ќе ги отвори седиштото на израелската Амбасада во Абу Даби и конзулатот во Дубаи.
Обединетите Арапски Емирати, заедно со Бахреин, Судан и Мароко, минатата година ги нормализираа односите со Израел врз основа на договорот постигнат со посредство на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.
Од нормализацијата на односите, во септември 2020 година, двете земји воспоставија директни воздушни врски, назначија амбасадори и остварија неколку меѓусебни посети на трговски делегации.
Првата израелска посета беше планирана за март, за време на мандатот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, но беше одложена поради несогласувањата со Јордан околу надгледувањето на воздушниот простор, соопшти израелската страна.
Палестинците ги осудуваат договорите за нормализација што неколку арапски држави ги потпишаа со Израел пред една година и таквиот чин го опишуваат како „предавство“ и резолуцијата за израелско-палестинскиот конфликт ја сметаат за „condition qua non“ на секоја нормализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.