Неколку руски официјални лица го пречекаа севернокорејскиот лидер Кин Џонг Ун на станицата во Хасан. Ким во Русија пристигна со блиндиран воз.

Северно корејскиот лидер во Русија бил пречекан со цвеќе и со леб и сол како што е традиција во најголемата држава во светот.

Ме радува посетата на Русија“ рекол Ким кога излегол од возот, а бил пречекан од министерот Александар Козлов, пренесуваат српските медиуми.

Министерот Козлов изјавил дека се надева оти оваа посета на Ким ќе остане драг спомен, а на тоа севернокорејскиот лидер додал дека оваа е само прв чекор, и дека тој повторно ќе ја посети Русија.

Ким Џонг Ун го продолжил својот пат кон Владивосток каде се очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин со кого ќе разговараат за неколку клучни прашања. За  билатералните односи на двете земји, како и денуклеризацијата и регионалната соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.