Додека многу од жителите на Сеул жалат поради смртта на градоначалникот Парк Вон Сун, јавноста во Јужна Кореја ја разбранува информацијата дека тој сексуално ја злоставувал неговата секретарка.
Парк, кој во петокот е пронајден мртов во еден шумски предел во Сеул, бил либерал и реформатор, но и борец за женските права, а во еден момент и потенцијален кандидат за учество на претседателските избори предвидени за 2022 година.
Не откривајќи ја вистинската причина за смртта, полицијата соопшти дека нема причина да се сомнева на убиство, а градските службеници изјавија дека градоначалникот оставил проштална порака во која изразил жалење и побарал неговото тело да биде кремирано.
Адвокатот пак, на неговата поранешна секретарка, која Парк наводно сексуално ја вознемирувал, изјави дека поднел пријава против градоначалниокт заради тоа уште на 8 јули, ден пред неговата ќерка да го пријави исчезнувањето.
Адвокатот изјави дека Парк на поранешната секретарка и испраќал пораки и фотографии меѓу кои биле и такви кои се сметаат за сексуално вознемирувачки, како и дека градоначалникот неговата клиентка ја изложил на непосакуван физички контакт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.