Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални е примен во болницата во Омск и се наоѓа во критична состојба. Тој е во бесознание и е поврзан на апарат за вештачко дишење.
Неговата портпаролка, Кира Јармиш, на Твитер објави дека за време на летот од Томск кон Москва, на Навални му се слошило и авионот морал под итно да слета во Омск.
Таа наведува дека Навални е отруен, односно дека во авионот нешто му било ставено во чајот, а болницата каде што бил примен потврди дека станува збор за труење.
Навални (44) е најгласниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин. Во јуни тој гласањето за уставните реформи го оцени како „пуч“ и „кршење на уставот“. Izglasanite rеформи на Путин му овозможија да добие уште два мандата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.